Откако не успеа да ја освои Лигата на шампионите, но ги освои Лига 1 и Суперкупот на Франција, Кристоф Галтие стана поранешен член на клупата на ПСЖ.
Челниците на парискиот клуб на негово место доведоа шпански стручњак и до неодамна селектор на Шпанија, Луис Енрике.
Тој е без работа од крајот на минатата година. Тој се повлече од клупата на Шпанија по поразот од Мароко во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Неговото официјално претставување треба да следи во следните неколку дена, но Шпанецот веќе работи напорно кога е во прашање составувањето на тимот за следната сезона.
Француските медиуми пренесуваат дека тој веќе пикирал засилување, а тоа е португалскиот репрезентативец Жоао Феликс.
Овој офанзивец последната полусезона ја мина во Челзи, но со доаѓањето на нов тренер беше одлучено договорот да не биде откупен и тој беше вратен од позајмицата во Атлетико Мадрид.
Сепак, и таму неговата перспектива не е многу светла, со оглед на тоа што е во лоши односи со тренерот Диего Симеоне и сигурно е дека повторно ќе го промени клубот.
ПСЖ ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација и да му ја исполни првата желба на својот нов тренер чија прва цел е и освојување на Лигата на шампионите.