Марота: Јунајтед во следните неколку дена ќе испрати официјална понуда за Онана

291

Се поизвесно е дека нов прв голман на тимот на Манчестер Јунајтед ќе биде сегашниот чувар на мрежата на Интер, Андре Онана. Тој е во голема форма, има огромни заслуги што Интер играше во финалето од ЛШ годинава, и пикот на неговата кариера е во моментов.

Тоа секако е предизвик за Јунајтед да го доведе, а Интер сериозно да заработи. Сумата која што се споменува е 50 милиони евра.

„Манчестер Јунајтед во следните ден, два и официјално ќе испрати понуда до нас за Онана. Потоа ќе го кажеме нашиот официјален став, а и самиот Онана ќе го стори тоа“ – изјави првиот оперативец на Интер, Марота.

ПретходноШкендија го откачи Бугарот Милев
СледноАтлетико Мадрид го врати стариот амблем на клубот