Откриена е „црната листа“ на Пеп Гвардиола: Шпанецот отпиша две големи ѕвезди

8545

Манчестер Сити за прв пат во својата историја успеа да ја освои Лигата на шампионите, што беше главната цел на Гвардиола во претходните години. Шпанецот се согласи да остане уште најмалку две сезони, но свесен е дека ќе мора да направи промени во играчкиот кадар.

Гвардиола не сака тимот да биде ист како минатата сезона бидејќи се плаши дека ќе биде тешко да ги мотивира играчите и свесен е дека мора да направи одредени промени за да го освежи тимот и да ја зголеми конкуренцијата.

Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола има „црна листа“ на играчи кои сака да ги продаде ова лето, а како што пишува Мирор, тука се и имињата на две големи ѕвезди. Станува збор за Бернардо Силва и Ајмерик Лапорте, и двајцата добиле „зелено“ светло да си одат.

Заминувањето на Лапорте не е толку изненадувачки, неговата цена е 25 милиони евра, но никој не очекуваше дека Гвардиола ќе се откаже од Силва.

Бернардо Силва е еден од клучните играчи на Манчестер Сити, но очигледно е дека Гвардиола сфатил дека повеќе нема да биде потребен. Сепак, Сити нема толку да брза да го продаде Португалецот и тоа ќе го направи во случај да пристигне задоволителна понуда за него.

Сити ќе го пушти Силва доколку некој понуди 80 милиони евра, а се чини дека тоа би можело да го направи ПСЖ кој покажа огромен интерес за Португалецот.

Силва и претходно беше поврзуван со Барселона, но јасно е дека Каталонците во моментов не можат да одвојат толку пари за неговиот трансфер. Инаку, Силва има договор со „граѓаните“ на уште две години.

ПретходноТрагедија: На трка во Белгија загина 18-годишен возач (ВИДЕО)
СледноАцевски е нов голман на Прилеп