Трагедија: На трка во Белгија загина 18-годишен возач (ВИДЕО)

277

18-годишниот возач Дилано вант Хофт го загуби животот на Европскиот регионален шампиоант на патеката „Спа“ во Белгија. Хофт загубил контрола врз возилото поради тешките услови на патеката предизвикани од силниот дожд. Во несреќата учествувале пет болиди, а според информациите уште двајца возачи се повредени.

„Скршени сме што изгубивме еден од најголемите холандски таленти, кој донесе толку многу енергија во нашиот тим во текот на годините кога се тркаше со нас. Дилано е дел од нашето тркачко семејство од 2021 година. Би сакале да изразиме искрено сочувство до семејството и најблиските. Им ја даваме нашата целосна поддршка, како и на членовите на нашиот тим, кои загубија не само возач, туку и пријател“, соопштија од тимот на талентираниот возач.

ПретходноЕкстра засилување: Изаир Емини потпиша за Беса!
СледноОткриена е „црната листа“ на Пеп Гвардиола: Шпанецот отпиша две големи ѕвезди