Младинската репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија. Избраничките на Јулијана Дамчевска беа совладани од Швајцарија со 34-26 (19-11).
За разлика од мечот против Романија, на кој „црвено-жолтите“ речиси 50. минути добро парираа, денеска се покажаа во едно поинакво светло. Противникот дуелот го отвори со 6-1, по што немаше проблем во продолжение да го одржува темпото. На одморот беше 19-11 во корист на Швајцарија, до крајот не се промени ништо, иако второто полувреме заврши 15-15.
Младинките утре го играат последниот дуел на “Трофеј Карпати“, за противник ќе ја имаат селекцијата на Србија.