Екс тренерот на тимот на Рома, Еузебио ДИ Франческо е назначен за нов тренер на екипата на Фрозиноне, новиот член на Серија А, за следната сезона. Неговиот договор е на една година со опција за втора, која, сепак, ќе важи само доколку опстане во Серија А.
Ди Франческо го наследува Фабио Гросо, кој го предводеше тимот во Серија Б и го внесе во повисок ранг, а потоа си замина.
Ди Франческо е без работа речиси две години откако Верона го ангажираше во летото 2021 година, но по три порази на стартот го ослободија во средината на септември.