Холандска легенда стана тренер на турски клуб

599

Поранешниот холандски репрезентативец Патрик Клајверт е назначен за нов тренер на турскиот суперлигаш Адана Демирспор. Договорот на Клајверт со Адана е на две години со можност за продолжување на уште една.
Инаку Клајверт до сега беше селектор на Курасао и беше дел од тренерскиот тим на репрезентацијата на Холандија под раководство на Луис ван Гал од 2012 до 2014 година.
Адана заврши четврта во турската Суперлига минатата сезона и ќе игра во Лигата на конференциите, а Клајверт ќе го наследи на позицијата Италијанецот Винченцо Монтела.

ПретходноИзраел во полуфинале на Европското младинско првенство
СледноАлиоски се збогува со Фенербахче