И покрај тоа што ја освои титулата во украинскиот шампионат, Шахтјор Доњецк ги отпушти хрватскиот тренер Игор Јовичевиќ и неговите помошници. Јовичевиќ дојде во Шахтјор минатото лето потпишувајќи двегодишен договор, а под негово водство тимот одигра 40 меча со ефект од 24 победи, 10 ремија и 6 порази.
Минатата сезона ја освои титулата, а беше трет во групата од ЛШ и се пресели во ЛЕ. Во 1/16 финалето го елиминира Рен, а потоа беше поразен од Феенорд.
Инаку нов тренер на Шахтјор најверојатно ќе биде холандскиот стратег Патрик ван Лојвен, кој досега работеше во Зорја.