Ацевски е нов голман на Прилеп

164

Прилеп доведе уште едно засилување за претстојната сезона. Овој пат станува збор за Давит Ацевски, кој ќе биде задолжен за мрежата на супер-лигашот. Раководството на клубот и Ацевски потпишаа двегодишна соработка.

Тој доаѓа од Јуниор КВ и ќе ја дели минутажата со столбот голот на Прилеп Иван Ангелески.

Претходно во тимот дојдоа левиот бек Никола Цветаноски и пикерот Томче Трајчевски.

ПретходноОткриена е „црната листа“ на Пеп Гвардиола: Шпанецот отпиша две големи ѕвезди
СледноДимитрије Зајиќ е нов фудбалер на Силекс