Српскиот интернационалец Димитрије Зајиќ е нов фудбалер на Силекс. Станува збор за 28-годишен фудбалер кој игра во средниот ред.
Зајиќ во својата кариера има настапувано за Синѓелиќ, Дунав, Инџија, Пуковац и Сврљиг од Србија, додека во последните две години беше дел од тимот на Слога Добој од БИХ.
Претходно кратовскиот клуб се договори со Чурлинов, Каланоски, Попоски, Петров и Игнатов.