Сан Антонио го потврди потписот на Вембањама

110

Сан Антонио денеска и официјално го објавија потписот со првиот пик на драфтот во 2023 година, францускиот центар Виктор Вембањама. 19-годишниот кошаркар висок 222 см. Ќе биде руки-ѕвезда во најсилната кошаркарска лига и еден од адутите на Спарс за враќање во битката за шампионскиот прстен.

Според извештаите на медиумите, дебитантот најверојатно ќе добива плата од 12 милиони долари во сезоната 2023/2024, што е најмногу што може да заработи во неговата дебитантска сезона во лигата. Договорот со Французинот ќе биде на три или четири години.

ПретходноПСЖ го комплетираше трансферот на Лукас Ернандез од Баерн (М)
СледноКиз и Серундоло најдобри на трева во Истборн