Покрај Израел и репрезентацијата на Шпанија се пласира во полуфиналето на Европското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Грузија и Романија. Вечерва Шпанија ја совлада Швајцарија со 2:1 и отиде во полуфиналето на шампионатот.
Водечкиот гол за Шпанија го постигна играчот за врска на Манчестер Сити, Серхио Гомез во 68 минута, а изедачи Амдуни во 90 минута. Се прејде кон продолженија, а таму погоди Миранда (103 минута) и ги однесе Шпанците во наредната фаза.
Во полуфиналето Шпанија ќе игра со подобриот од дуелот Франција-Украина кој се игра утре.