Јапонец од Висла Плоцк на позајмица во Вардар!

218

Во исчекување на крајната завршница околу долговите на Вардар 1961 кон поранешните ракометари, што пак е главен предуслов за да „црвено-црните“ играат во квалификациите за Европската лига, од Полска доаѓаат информации за ново засилување.

Косуке Јасухира ќе биде дел од Вардар 1961. Тој доаѓа од тимот на Висла Плоцк на едногодишна позајмица. Станува за бор за средне бек кој има 23 години.

„Следната сезона ќе ја минам како позајмен играч во Вардар. Сигурен сум дека ќе соберам многу искуство во Скопје и ќе се вратам посилен“, изјави Јасухира.

ПретходноФросиноне си најде познат тренер
СледноЕкстра засилување: Изаир Емини потпиша за Беса!