Филипе Кутињо е на пат да се пресели во Бешикташ на позајмица во текот на следната сезона. Според извори блиски до фудбалерот, во моментов Бешикташ и Астон Вила преговараат за можната позајмица на Бразилецот.
Турскиот клуб сакада го добие Кутињо со опција за откуп од Астон Вила за 8 милиони евра. Во исто време, според турскиот весник „Милиет“, Бешикташ е подготвен да плати само 40 отсто од платата на играчот што моментно е голем пробле за да се затвори трансакцијата.
Филипе Кутињо се пресели во Астон Вила од Барселона во 2022 година за 20 милиони евра.