Верона и официјално го објави назначувањето на Марко Барони, кој ќе биде нов тренер на италијанска екипа која што следната сезона ќе биде дел од Серија А. Договорот на искусниот стратег е на 1+1 година секако доколку Верона остане прволигаш.
Барони ја знае ситуацијата во ВЕрона добро , бидејќи е поранешен играч на овој клуб, за кого настапуваше во периодот 1996 – 1998 година. Покрај тоа, тој беше и помошник тренер на Алберто Малесани во тимот во сезоната 2002/03. Неодамна, 59-годишниот тренер го предводеше Лече , но тој самиот реши да го напушти овој клуб, по завршувањето на изминатата кампања. Тој исто така беше на чело Реџина, Кремонезе, Фросиноне, Беневенто, Новара, Пескара, Виртус Ланчиано, Сиена, Анкона, и младинскиот тим на Јувентус. Тој го наследува Марко Зафарони на клупата на Торино.