Кадетите поразени на првиот тест со Бугарија

114

Машката кошарскарска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години го одигра првиот контролен меч во подготвителниот период. Денеска во СРЦ „Кале“ во Скопје нашата селекција беше поразена од селекција на Бугарија со 64:79.

Гостите од Бугарија имаа подобар почеток на средбата и до крајот на полувремето обезбедија предност од четири поени (35:31).

Сосема рамноправни беа и петте минути од третиот период, во 25.минута бевме во заостанување од два поени (41:43), но уште еднаш, слично како и во втората четвртина, не успеавме да го задржиме резултатскиот егал. На истекот на 30.минута, Бугарија водеше со (56:49).

Уште еднаш, во само три минути, стигнавме до минус од два поени, (57:59). Но уште еднаш гостите се одбранија, и победоа со (66:57), кога остана да се доиграат 4:48 минути.

На овој прв тест во подготвителнииот период, селекторот Александар Јованчев испроба дури 17. кошаркари кои во моментов ги има на располагање. Со 12. поени Терзиевски беше прв стрелец во нашата селекција. Утре од 12 часот, двете кадетски селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар.

ПретходноАнглија закажа полуфинале со Израел на младинското ЕП
СледноШкендија го промовираше Аганспахиќ