Понудата е на маса: Саудијците сакаат да го предомислат Буфон!

427

Во изминатите денови се почесто се споменува името на легендарниот голман, Џиџи Буфон. Најавите од Италија се дека тој веќе размислува да стави крај на својата играчка кариера, иако има уште една година од договорот со Парма.

Додека поранешниот италијански репрезентативец размислува што ќе направи од Саудиска Арабија, засега клубот не се открива, стигнала понуда на неговата адреса. Договорот е на две години и за вкупна сума од 30 милиони евра. 45-годишниот Италијанец ќе ја разгледа понудата.

Буфон кој минатата сезона одигра 19 натпревари за Парма, се очекува наскоро да ја каже својата конечна одлука.

ПретходноАпостолски Лечиќ: Резултатите во овој момент се во втор план, целта е да изградиме карактер!
СледноПочина легендата на Лацио