Јунајтед го одби Дортмунд за позајмица на Санчо

174

Екипата на Манлестер Јунајтед одби да го позајми англискиот репрезентативец, Џејдон Санџо во Борусија Дормунд неговиот екс клуб, и клубот од каде што и пристигна на Олд Трафорд. Ова се случува само две години откако Јунјтед за 73 милиони евра го купи Санчо и го доведе во своите редови. Напаѓачот ни оддалеку не ги исполни очекувањата.

На крајот од минатата сезона тој одигра неколку добри натпревари, но и покрај тоа, медиумите на Островот тврдат дека 20-кратниот шампион на Англија е подготвен да го продаде доколку некој се согласи да плати за него некаде околу 45 милиони. 

Борусија (Дортмунд) има пари по трансферот на Џуд Белингем во Реал Мадрид, па можно е „жолто-црните“ да разгледаат и понуда за купување на Санчо. Сепак, тој во моментов не е приоритет, бидејќи главна задача е да се најде директна замена за Белингем.

ПретходноПочина легендата на Лацио
СледноЛегендарниот тренер на Црвена Звезда е во кома