Францускиот прволигаш Монако го одбрал Австриецот Ади Хитер за нов тренер, пренесува „Л’Екип“. Поранешниот стратег на Ајнтрахт и на Менхенгладбах ќе го замени на клупата на „кнезовите“ белгискиот тренер Филип Клемен кој имаше лоша сезона и не обезбеди место во Европа во новата сезона.
Хитер пред да работи во германските клубови работеше во Јанг Бојс и во Салцбург, со првиот ја освои титулата во Швајцарија, а со вториот титулата во Австрија.