Англија закажа полуфинале со Израел на младинското ЕП

122

Репрезентацијата на Англија ќе му биде противник на Израел во полуфиналето на Европското првенство за играчи до 21 години. Англичаните успеја да ја совладаа Португалија со 1:0 во четвртфиналето одиграно на „Рамаз Шенгелија“ во Кутаиси, Грузија.
Единствениот гол го постигна напаѓачот на Њукасл Антони Гордон во 34 минута од мечот. Тоа е негов втор гол на шампионатот.

Во 69 минута Португалците бараа пенал, а судијата Обреновиќ отиде да ја провери спорната ситуација и одлучи да не досуди удар од белата точка. Имаа Португалците подобри шанси, на пример ударот на Педро Нето во 59 минута, три минути претходно промаши Франциско Консеисао.
Во 73 минута Араухо ја погоди пречката.

Полуфиналето ќе се игра во среда на стадионот во Батуми, Грузија.

Вечерва се игра другиот четвртфинален меч помеѓу Франција и Украина, а победникот во полуфиналето (во Букурешт) ќе игра против Шпанија.

ПретходноЧелзи испратил понуда за Влаховиќ
СледноКадетите поразени на првиот тест со Бугарија