Верона има нов тренер

239

Верона и официјално го објави назначувањето на Марко Барони, кој ќе биде нов тренер на италијанска екипа која што следната сезона ќе биде дел од Серија А. Договорот на искусниот стратег е на 1+1 година секако доколку Верона остане прволигаш.

Барони ја знае ситуацијата во ВЕрона добро , бидејќи е поранешен играч на овој клуб, за кого настапуваше во периодот 1996 – 1998 година. Покрај тоа, тој беше и помошник тренер на Алберто Малесани во тимот во сезоната 2002/03. Неодамна, 59-годишниот тренер го предводеше Лече , но тој самиот реши да го напушти овој клуб, по завршувањето на изминатата кампања. Тој исто така беше на чело Реџина, Кремонезе, Фросиноне, Беневенто, Новара, Пескара, Виртус Ланчиано, Сиена, Анкона, и младинскиот тим на Јувентус. Тој го наследува Марко Зафарони на клупата на Торино.

 

ПретходноИвановски стартува со квалификации на Челинџерот во Троа
СледноРепрезентативец на Јамајка доаѓа во Штип, Колин Андерсон ќе „стрела“ за Брегалница