Светскиот шампион Макс Верстапен триумфираше и на ГП на Австрија за да ја запише седмата победа сезонава, односно петта по ред. Холанѓанецот стартуваше прв и беше на чело поголем дел од трката. Втор заврши Шарл Леклер, а трет Серхио Перез кој стартуваше 15-ти од гридот.
Исто така ова е 10-та победа по ред на Ред Бул од крајот на минатата сезона па до сега.
Верстапен не беше лидер единствено кога излезе во боксот при виртуелната кола за сигурност, а тогаш Леклер и Сајнц го поминаа, но подоцна со новите гуми Макс доби на брзина и ја врати лидерската позиција.
Перез стартуваше од 15 позиција, не застана во боксот при виртуелната кола за сигурност и имаше жесток дуел со Сајнц. На крајот Сајнц заврши четврти, а следуваат Ландо Норис и Фернандо Алонсо и потоа двата возачи на Мерцедес Хамилтон и Расел.