Воска се пофали со Агон Хани

501

Новиот македонски прволигаш Воска Спорт продолжува со засилувањата за новата сезона. Ново име во охридскиот тим е левиот бек Агон Хани кој доаѓа од редовите на Победа за која минатата сезона одигра 22 меча.
Хани со Воска потпиша едногодишен договор и доаѓа на местото на Илјас Чилафи кој си замина.
Инаку Хани ја почна кариерата во Академија Пандев, играше и за Младост од Царев Двор, беше и во Словачка во младинскиот тим на Јаблонец. Беше и во Струга ТЛ, а потоа во Победа.
Воска направи неколку интересни трансфери ова лето, пред Хани дојдоа Вилдан Керим, Бесар Исени, голманот Бурхан Мустафа, Николче Шаркоски, Алекса Марушиќ, Никола Стијеповиќ…

ПретходноИвановски запрен на стартот на турнирот во Троа
СледноМакедонија прими гол во последната секунда за пораз од Србија