Во ресторанот немало место, Роналдо со изненадувачка реакција!

4929

Кристијано Роналдо често го нарекуваат егоцентричен и вообразен тип кој го краси ароганција и грубост, но често ваквите приказни добиваат разни деманти.

Најновиот доаѓа од гостите од еден ресторан во кој Португалецот заедно со Џорџина и неговиот постар син дошле многу порано од најавениот термин. Во тој момент нивната маса не бил слободна, па сопствениците го известиле дека мора да почека.

Португалецот без да направи било каква гримаса или пак да ја искористи својата слава чекал цели 40 минути.

“Кристијано не гестикулираше. Ниту Џорџина, ниту неговиот син. Сфатив дека Роналдо, и покрај тоа што е светска ѕвезда и најдобар фудбалер на светот, е пред се пристојно момче. Можам да ве уверам, многу помалку сум видел луѓе славните од него заминуваат по пет минути, многу арогантно, во слични ситуации. За таа маса чекаше околу 40 минути“, изјавил Давид Фиоре, познат кувар, кој работи во ресотранот. 

ПретходноУште една луда ноќ во НБА: Лилард и Нуркиќ си одат од Портланд, Вестбрук има нов договор!
СледноМатеј Цветаноски пред трансфер во Каспиј, кај Мрме!