Де Јонг прави изненадувачки трансфер

8095

Манчестер Сити не успеа да го донесе Деклан Рајс и затоа се свртува кон нови решенија во средниот ред. Капитенот на Вест Хем ќе стане најскапиот англиски фудбалер досега, откако Арсенал го потврди трансферот за кој според англиските медиуми понудил 105 милиони фунти (околу 125 милиони евра).

Сити бара ново решение, а наводно го нашол во Барселона. Френки де Јонг беше желба на Пеп Гвардиола уште во 2019 година, но холандскиот играч за врска тогаш реши да премине во Барселона. Шпанскиот гигант му плати 86 милиони евра, а Де Јонг за него одигра 183 натпревари на кои постигна 15 гола и 21 асистенција. Со Барса освои три трофеи. Во 2021 година го освои Купот на кралот, а минатата сезона шампионатот и Купот на Шпанија.

Трансфермаркт го проценува Де Јонг на 75 милиони евра, неговиот договор истекува во 2026 година. Англиските медиуми пишуваат дека Сити ќе се обиде да го доведе и дека за тој трансфер ќе понуди исто како што понудија за Рајс, околу 105 милиони евра.

ПретходноШпанија ја елиминира Швајцарија и е меѓу четирите најдобри во Европа
СледноЕгзум од Партизан се сели во НБА-лига!