Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски имаше лош старт на Челенџер турнирот во францускиот Троа. Тој не успеа да ја мина првата препрека во квалификациите откако од него поуспешен беше Италијанецот Џузепе Треска со 2-0 во сетови (6-4 и 7-6). Мечот траеше 92 минути, а имаше 11 брејка и 22 гема.
Во првиот сет Калин направи брејк и поведе со 3:2, но противникот направи пресврт за 5:3. Ивановски направи уште еден брејк за 5:4, но Италијанецот го доби сетот.
Вториот сет беше поизедначен, се решаваше во тај-брејкот, кој му припадна на Треска.