Ивановски стартува со квалификации на Челинџерот во Троа

78

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (363.АТП листа) денеска ќе има настап во првото квалификациско коло од Челинџерот 50 што се игра во францускиот град Троа. Прв противник ќе му биде Италијанецот Џузепе Треска (1101 АТП листа, 25 години), кој на квалификациите настапува со вајлд карта.

Ивановски на квалификацискиот „костур“ е рангиран како носител број 4.

Турнирот се игра за награден фонд од 36.000 евра. Мечот меѓу Ивановски и Треска е планиран како трет на Ценралниот терен, а додега заврши еден меч Французинот Мануел Жинар со 2-0 во сетови го совлада Русинот Марат Шарипов, додека се очекува почетокот на мечот Дује Ајдуковиќ (Хрватска) и Артурс Морисон Де Ла Басетие од Франција.

ПретходноМакедонските фудбалери од сезоната 2023/24 во Босна ќе се сметаат за домашни
СледноВерона има нов тренер