Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на Балканското првенство во Србија. Откако вчера во 1. коло од групната фаза забубивме со максимални 3:0 од Турција, денеска избраничките на селекторот Александар Митев беа поразени со убедлив резултат и од селекцијата на Грција, 3:0 (25:12, 25:13, 25:4).
На денешниот меч одигравме многу слабо во трите сета, а меѓу одбојкарките со најмногу освоени поени беа наковска со 4 и Милева и Ѓорѓиевска со по 3 поени.
По овој втор пораз во низа, за нас преостанува да го одиграме само последниот меч во групата против Црна Гора кој е на програмата утре од 15 часот. Без разлика на резултатот од овој меч, нашите млади надежи ќе разигруваат за пласман од 5. до 8. место.