Македонските фудбалери од сезоната 2023/24 во Босна ќе се сметаат за домашни

637

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи фудбалерите кои доаѓаат од екс југословенските републики, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора, од сезоната 2023/24 да ги сметаат за домашни играчи.

Тоа значи дека нема да завземаат место како за странец, нема да има потреба да се плаќа додатна сума на пари во касата на сојузот и ова секако дека ќе биде дополнително олеснување за клубовите во оваа земја.

Секако, и за нашите интернационалци ова е добра вест, затоа што во шампионатот на Босна со години има македонски играчи кои со успех настапувале таму.

 

ПретходноСкопје 2020 го потпиша Кристијан Стојаноски
СледноИвановски стартува со квалификации на Челинџерот во Троа