Според извештаите на „Поп Фут“ Лионел Меси најмногу пати бил прогласуван за најдобар фудбалер на натпреварите во последните 10 сезони во најдобрите пет првенства во Европа. Резултатите се инзвонредни за Аргентинецот, осум пати во последните 10 сезони имал најдобар ефект во поглед на тоа колку пати бил МВП на натпреварите.
Само два пати во тој период не бил на врвот. Минатата сезона неговата доминација ја прекинал играчот на РБ Лајпциг, Кристоф Нкуку, а во 2015/16 најдобар во тој поглед бил Златан Ибрахимовиќ во дресот на ПСЖ.
Во сезоната 2022/23 Меси 17 пати бил прогласуван за најдобар играч во 39 одиграни натпревари за ПСЖ или во проценти тоа се 44%.
Минатата езона тоа бил Нкунку (30%), пред тоа Меси пет пати бил најдобар. Најуспешната сезона ја имал во 2014/15 кога на 34 од 51 меч бил прогласуван за најдобар или успешност од 67%.