Мурињо во Рома сака да го донесе играчот кој една и пол година нема играно фудбал

70

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е спремен да му понуди договор на англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд, пренесуваат англиските медиуми. Гринвуд веќе година и пол нема играно фудбал, ниту тренирал бидејќи тогашната и сегашната партнерка со обвини за обид за силување и насилничко однесување.
Младиот фудбалер долго време беше во куќен притвор, а во февруари оваа година сите обвиненија против него беа повлечени и полицијата во Манчестер објави дека тој веќе не се соочува со казнена постапка. Причината е што клучните сведоци се повлекле од случајот.
21-годишниот фудбалер одлучи да ја продолжи фудбалската кариера, но не во Манчестер Јунајтед каде што нема место за него. Се појавија бројни клубови надвор од Европа, а меѓу нив е и Рома.
Мурињо работеше во Манчестер Јунајтед и го познава овој млад фудбалер, затоа што токму Португалецот му даде шанса да заигра за првиот тим. Па Мурињо во разговор со него и со неговиот татко појаснил дека најдобро е да почне да игра фудбал и затоа го поканил во Рома.
Со оглед на тоа дека Гринвуд има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2025 година, а и долго време нема играно фудбал, би сакал да го донесе на позајмица што би било добра работа за самиот играч за да почне пополека да се враќа во ритам.

ПретходноЕгзум од Партизан се сели во НБА-лига!
СледноАвстриец на кормилото на Монако