Македонскиот фудбалски репрезентативец Љупче Дориев од денеска и дефинитивно е нов играч на узбекистанскиот прволигаш Согдиана. Трансферот кој се најавуваше деновиве, сега и официјално е потврден.
Дориев си замина од Шкендија по завршувањето на сезоната и својата кариера реши да ја продолжи во Узбекистан. 27-годишниот репрезентативец според информациите ќе заработува по 300.000 евра годиншно.