Репрезентативец на Јамајка доаѓа во Штип, Колин Андерсон ќе „стрела“ за Брегалница

1351

Големо, огромно засилување за тимот на Брегалница пристигнува во Штип. Како што дознава Спортмедиа вечерва во градот под Исарот треба да се појави интернационалецот и воедно и репрезентативец на Јамајка, напаѓачот Колин Андерсон.

Се работи за млад, 23. годишен голгетер, кој е најдобар стрелев во шампионатот на оваа земја. Досега настапувал за екипите на Арнет Гарденс односно Кавалиер од каде што и доаѓа во Штип.

Со него, Брегалница сигурно ќе биде далеку поефикасна во нападот каде што клбиот очигледно планирал сериозно да се засили, а тоа еве очигледно и се остварува.

Не често во ПМФЛ шампионатот пристигнува странско засилување кое воедно е и репрезентатиец на неговата земја, што е ете случај со Колин Андерсон.

 

 

ПретходноВерона има нов тренер
СледноАпостолски Лечиќ: Резултатите во овој момент се во втор план, целта е да изградиме карактер!