Уште една луда ноќ во НБА: Лилард и Нуркиќ си одат од Портланд, Вестбрук има нов договор!

2283

Во НБА-лига беше доста раздвижено во изминатата ноќ. Од поважните моменти ќе ги издвоиме случувањата во Портланд. Демијан Лилард после 12 години одлучи да го напушти Портланд, да се пресели во тим со кого ќе освои шампионски прстен. Како еден од најсериозните клубови во кои би можел да замине е Мајами.

Заминувањата од Портланд не застануваат тука. Заедно со Лилард ќе си оди и босанскиот репрезентативец, Јусуф Нуркиќ, кој исто така би можел да се пресели на Флорида, а во трејдот на овие двајца играчи се споменуваат Кајл Ловри, Тајлер Хиро, Хаиме Хакез Јуниор и пикови од првата рунда на драфтот од 2028 и 2030 година.

Во меѓувреме бројни играчи ги продолжија договорите, а еден од нив е Расел Вестбрук, кој потпипа нова двегодишна соработка со Клиперс, тој ќе добие 8 милиони долари по сезона.

Брук Лопез во следните две сезони ќе биде член на Милвоки, тој потпиша нов договор вреден 48 милиони долари. Минатата сезона тој забележа 15,9 поени по натпревар, заедно со 6,7 скока и 2,5 блокади по натпревар.

Домантас Сабонис останува во Сакраменто, потпиша договор вреден 217 милиони долари, се разбира, на пет години. Овој 27-годишен кошаркар минатата сезона забележа 19,1 поен и 12,3 скока.

ПретходноЃоковиќ: Сè уште сум гладен за успех, за повеќе Грен слем трофеи!
СледноВо ресторанот немало место, Роналдо со изненадувачка реакција!