Ф1 ќе се вози во Австрија најмалку до 2030 година

117

Трките од Светскиот шампионат во Формула 1 ќе се одржуваат на „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг најмалку до 2030 година, со продолжувањето на договорот за уште три години, кој беше објавен пред неделната трка за Големата награда на Австрија.

Пред четири месеци беше потпишан договор за продолжување на соработката меѓу Ф1 и сопственикот на патеката во Шпилберг за периодот од 2024 до 2027 година. Патеката, порано позната како A1 Ринг, беше домаќин на трки во Формула 1 од 1970 до 1987 година и од 1997 до 2003 година.

Повторно се појави на календарот во 2014 година со поддршка на коосновачот на Ред Бул, Дитрих Матешиц.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Дориев е нов играч на узбекистанскиот клуб Согдиана
СледноБешикташ го бара Кутињо на позајмица, но не сака да плаќа повеќе од 40% од неговата плата