Лондонски Челзи испратил понуда до Јувентус од 60 милиони евра за српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Српскиот напаѓач бил желба на новиот менаџер Маурицио Покетино. „Кориере“ наведува дека раководството на Јувентус најверојатно ќе ја одбие понудата на Челзи бидејќи не сака да го пушти репрезентативецот на Србија за помалку од 70 милиони евра со дополнителни бонуси.
Претставниците на двата клуба ќе се состанат во текот на оваа недела и ќе се преговара за евентуален трансфер на Влаховиќ на „Стемфорд Бриџ“. Инаку тој пристигна во Јуве на почетокот на 2022 година од Фиорентина за повеќе од 80 милиони евра.
Челзи активно работи и на трансферот на уште еден играч. Според новинарот Фабрицио Романо Челзи го сака и играчот од средниот ред на Брајтон, Моисес Каиседо. Еквадорецот има договор со „галебите“ до јуни 2027 година, а сумата која Челзи ќе треба да ја плати како обесштетување би била околу 55 милиони евра.