Шкендија го промовираше Аганспахиќ

349

Шкендија вечерва го потврди трансферот на напаѓачот Алмир Аганспахиќ. 26-годишниот фудбалер доаѓа во Тетово од српскиот прволигаш Чукарички и потпиша 2-годишен договор со тетовскиот состав.

Фудбалерот денеска успешно ги помина лекарските прегледи, по што и официјално е потврден како нов член на Шкендија. Тој веднаш му се приклучува на тимот на подготовките во Словенија.

„Можам да кажам дека дојдов во многу организиран клуб кој работи навистина добро. Гледам дека тимот е многу добар и со нетрпение го чекам почетокот на натпреварите“,  изјави Алмир Аганспахиќ.

ПретходноКадетите поразени на првиот тест со Бугарија
СледноКадетките убедливо поразени и на вториот меч на БП во Србија