Ѓоковиќ: Сè уште сум гладен за успех, за повеќе Грен слем трофеи!

183

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска изјави дека се уште е „гладен“ за успех и трофеи на Грен слем и дека не му е потребна посебна мотивација во пресрет на претстојниот Вимблдон, на кој ќе ја брани титулата.

Ѓоковиќ в понеделник од 14 часот и 30 минути ќе го започне натпреварувањето на третиот Грен слем турнир во Лондон против Аргентинецот Педро Качин, 67. тенисер во светот.

Српскиот тенисер има 23 грен слем титули. Новинарите во Лондон го прашаа дали сега е поопуштен, бидејќи е рекордер во машка конкуренција.

„Не се чувствувам поопуштено. Сè уште сум гладен за успех, за повеќе Грен слем трофеи, повеќе достигнувања во тенисот. Се додека го има тоа, знам дека ќе можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Ако тоа помине, веројатно ќе се соочам со други услови и ќе имам поинаков пристап“, изјави Ѓоковиќ, пренесуваат британските медиуми.

Ѓоковиќ во Лондон ќе игра за петта последователна титула, вкупно осми трофеј на Вимблдон, со што би се израмнил рекордот на Швајцарецот Роџер Федерер.

“Тениската сезона е таква што не ви дава многу време да се навратите на она што сте го направиле и да уживате. Се разбира, уживав со семејството, но не долго. Многу луѓе ми честитаа, ме потсетија на моите историски успеси, што е убаво, ласкаво, но во исто време размислував за Вимблдон, кој е следниот слем, која е следната задача“, додаде тој.

ПретходноАвстриец на кормилото на Монако
СледноУште една луда ноќ во НБА: Лилард и Нуркиќ си одат од Портланд, Вестбрук има нов договор!