Женската јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе и втор пораз на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки до 18 години.
Вечерва во меч од 2. коло во групата А на шампионатот во Софија, нашите кошаркарки беа поразени од Исланд со 77:59. Исланд го доби мечот во првите три четвртини во кои беше комплетно подобар тим на теренот. Ние со подобра игра во последните 10 минути само го ублаживме и онака високиот пораз.
Николиќ со 14 и Николов со 12 поени беа најдобри во нашата селекција на денешниот меч.