Поранешниот кошаркар на Партизан, Данте Егзум, кариерата ќе ја продолжи во Далас Маверикс.
По една одлична сезона во дресот на Партизан, некогашниот петти пик од НБА драфтот се враќа во најсилната лига во светот.
Тој беше еден од најдобрите играчи во ростерот на Жељко Обрадовиќ, неговиот договор со Партизан истече, а тој како слободен играч доаѓа во Маверикс.
Интересно е што новодојдениот оперативец на Маверикс Денис Линдзи го драфтуваше Егзум во 2014 година во Јута Џез. Сега тој имаше свое влијание врз неговото враќање преку Атлантикот.
Минатата сезона Егзум во регуларниот дел имаше просек од 13,3 поени по натпревар, додека во АБА лигата беше 11,4.