Жесус во Ал Хилал, сега трите најдобри клубови во С.Арабија имаат португалски тренери

325

Ал Хилал објави дека го ангажирале португалскиот тренер Жорж Жесус. За 68-годишниот тренер ова е втор мандат на чело на клубот од Саудиска Арабија. Пред тоа, го предводеше Ал Хилал во сезоната 2018/19 кога го освои Суперкупот на С.Арабија.
Жесус дојде на местото на Рамон Диаз со кого Ал Хилал заврши на третото место на табелата.
Жесус доаѓа од Фенербахче, а претходно работеше во Бенфика, Фламенго и Спортинг.
Новиот клуб на Жесус потпиша договори со Рубен Невеш и Калиду Кулибали во досегашниот преоден рок.
Интересно, со ова трите најдобри клубови во Саудиска Арабија имаат португалски тренери. Ал Итихад го има Нуно Еспирито Санто, Ал Наср го има Луис Кастро, а Жесус го презема Ал Хилал.

ПретходноПобеда го претстави новиот тренер Филип Мирчевски
СледноЗа малку му избега победата на Иџе во Полска