За малку му избега победата на Иџе во Полска

92

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски Иџе го освои второто место на трката во Лиманова, Полска во рамките на Европскиот шампионат на ридски патеки. Иџе остана без победа за само 0,10 секунди.
И покрај второто место Иџе останува лидер во генералниот пласман во овој шампионат.
Наредната трка се вози на 18 август во швајцарскиот Сен Урсан, а до крајот остануваат вкупно три трки. Покрај тоаа во Швајцарија, од 1-3 септември се вози во Илирска Бистрица во Словачка, а финишот е во Хрватска од 15-17 септември.

ПретходноЖесус во Ал Хилал, сега трите најдобри клубови во С.Арабија имаат португалски тренери
СледноЧелзи испратил понуда за Влаховиќ