Матеј Цветаноски (25) својата кариера ќе ја продолжи во далечниот Казахстан, и тоа во тимот на Каспиј Актау, член на елитната лига во таа земја. Преговорите се завршени, речиси се е договорено, остануваат само уште некои детали и се разбира промоцијата.
Да потсетиме дека тренер на тој тим е екс – селекторот Игор Ангелоцски – Мрме. Исто така таму игра и нашиот интернационалец Стефан Коцев.
Инаку Цветаноски во пролетниот дел беше дел од А. Пандев, а претходно играше за екипите на Партизани, Шкупи, Пелистер,Вардар, Македонија ЃП…