Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е спремен да му понуди договор на англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд, пренесуваат англиските медиуми. Гринвуд веќе година и пол нема играно фудбал, ниту тренирал бидејќи тогашната и сегашната партнерка со обвини за обид за силување и насилничко однесување.
Младиот фудбалер долго време беше во куќен притвор, а во февруари оваа година сите обвиненија против него беа повлечени и полицијата во Манчестер објави дека тој веќе не се соочува со казнена постапка. Причината е што клучните сведоци се повлекле од случајот.
21-годишниот фудбалер одлучи да ја продолжи фудбалската кариера, но не во Манчестер Јунајтед каде што нема место за него. Се појавија бројни клубови надвор од Европа, а меѓу нив е и Рома.
Мурињо работеше во Манчестер Јунајтед и го познава овој млад фудбалер, затоа што токму Португалецот му даде шанса да заигра за првиот тим. Па Мурињо во разговор со него и со неговиот татко појаснил дека најдобро е да почне да игра фудбал и затоа го поканил во Рома.
Со оглед на тоа дека Гринвуд има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2025 година, а и долго време нема играно фудбал, би сакал да го донесе на позајмица што би било добра работа за самиот играч за да почне пополека да се враќа во ритам.