Големо, огромно засилување за тимот на Брегалница пристигнува во Штип. Како што дознава Спортмедиа вечерва во градот под Исарот треба да се појави интернационалецот и воедно и репрезентативец на Јамајка, напаѓачот Колин Андерсон.
Се работи за млад, 23. годишен голгетер, кој е најдобар стрелев во шампионатот на оваа земја. Досега настапувал за екипите на Арнет Гарденс односно Кавалиер од каде што и доаѓа во Штип.
Со него, Брегалница сигурно ќе биде далеку поефикасна во нападот каде што клбиот очигледно планирал сериозно да се засили, а тоа еве очигледно и се остварува.
Не често во ПМФЛ шампионатот пристигнува странско засилување кое воедно е и репрезентатиец на неговата земја, што е ете случај со Колин Андерсон.