Маунт во Јунајтед: Договор на 5+1 година и обештетување од 55 милиони фунти

365

Мејсон Маунт веќе се договорил со Манчестер Јунајтед за долгорочна соработка која ќе го остави на „Олд Трафорд“ најмалку пет сезони. Деталите за договорот на играчот од средниот ред на Челзи, се веќе познати, а јасно е дека тој денеска треба да пристигне на лекарски прегледи во базата на „ѓаволите“.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, 24-годишниот играч од средниот ред ќе потпише договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2028 година со можност за продолжување на една година. Манчестер Јунајтед ќе му плати на Челзи 55 милиони фунти, плус 5 милиони фунти како бонуси. Трансферот официјално ќе биде објавен оваа недела.

Маунт е дете на Челзи. Тој има се уште актуелен договор со „сините“ до јуни 2024 година.

ПретходноМилан понуди 14, Челзи бара најмалку 20 милиони евра за Пулишиќ
СледноМишов од Тиквеш е нов „шпиц“ на грузиска Самтредиа