Најновото засилување на тимот на Манчестер Јунајтед, досегашниот играч на тимот на Челзи, Мејсон Маунд, попладнево пристигна во тренинг центарот на „Ѓаволите“, Карингтон каде што ќе ги изврши неопходните лекарски прегледи.
Како што е веќе познато, Маунт пристигнува на Олд Трафорд за сума од 55 милиони фунти, за договор во траење на пет плус една година.
Маунт би требало да биде претставен денеска, најдоцна утре, а би требало да дебитира за Манчестер на пријателскиот меч против Лидс кој ќе се одигра во Осло, Норвешка следната недела.