Покетино: Челзи е најуспешниот клуб во Англија во последните 15 години

691

Менаџерот на Челзи, Маурицио Покетино го даде првото интервју како тренер на „сините“.
Задоволство и чест е што сега сум дел од Челзи. Мојот персонал и јас сме многу возбудени, бидејќи лично многу добро го познавам Челзи. Тоа е еден од најголемите клубови во светот. Така, секако, беше лесна одлука за мене да дојдам овде. За нас како тим е возбудливо да го запознаеме клубот. Нашата желба е да ја вратиме радоста на овој голем фудбалски клуб. Ќе работиме напорно и ќе играме на начин на кој навивачите ќе можат да уживаат во фудбалот. 

Мислам дека културата во клубот е многу важна. Станува збор за култура на победи. Во последните 10, 12 или 15 години, Челзи е најуспешниот тим во Англија. Ја знам многу добро Премиер лигата и што значи културата на Челзи.

Мислам дека нашите поддржувачи се возбудени што повторно се обидуваат да победат. Секако дека и ние сме возбудени. Имаме можност да работиме со прилично млад тим, и со поинаков пристап во однос на минатото. Но, мислам дека сите треба да разбереме дека мора да работиме навистина напорно и да создадеме добра атмосфера на теренот за да обезбедиме успех на тимот во следните неколку години“, изјави Покетино.

ПретходноАрсенал ќе го купува Хенрикс, ако не успее да го донесе Тимбер
СледноРајо го продава Столе, а на негово место доаѓа голман на Лацио