Арапите не застануваат: Ал Хилал му нуди 600 милиони евра на Нејмар!

427

Саудиска Арабија и натаму се обидува да го собере сите светски фудбалски ѕвезди на едно место. Последната вест вели дека раководството на Ал Хилал се обидува да го убеди крилниот напаѓач на ПСЖ, Нејмар, да се пресели во новните редови.

Според изворот, Бразилецот може да добие 600 милиони евра за тригодишен договор со саудискиот клуб.

Договорот на 31-годишниот Нејмар со ПСЖ истекува во летото 2025 година. Тој се пресели од Барселона во парискиот тим во 2017 година. Ал Хилал веќе успеа во својот состав да ги донесе Рубен Невеш и Калиду Кулибали.

ПретходноИвановски падна четири места на АТП листата, Ѓорческа две места подолу на ВТА листата
СледноТргнува новото Грен Слем лудило: Старт на Вимблдон, Ѓоковиќ и Швјонтек денеска на терен