Светски гигант е нов спонзор на Ал Наср – причината е Роналдо!

2933

Клубовите од Саудиска Арабија моментално се во центарот на вниманието на фудбалскиот свет бидејќи на нивното богатство не можат да одолеат ниту најдобрите фудбалери на планетата. Се започна со заминувањето на Кристијано Роналдо во Ал Наср, а потоа започна шоуто. Сепак, не се само играчите кои не можат да одолеат на парите, тамошниот шампионат страна атрактивен и за гиганти од САД.

Ал Наср потврди дека постигнал договор со Најк, кој ќе биде спонзор на овој клуб за следната сезона. Логото на Најк ќе го краси дресот на Ал Наср, а деталите од договорот се уште не се познати.

Јасно е дека потегот на гигантот се должи поради Роналдо, кој со години е заштитен знак на оваа американска компанија.

 

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА во јуни им исплати на играчите фантастични 39.375.197,00 денари
СледноЊукасл го потврди трансферот: Тонали стана најскапо платениот Италијанец на сите времиња!